Тој сфати дека таа не го привлекува повеќе. Тоа беше сосема јасно по неговите постапки. Не можеше повеќе да ја гледа во очи, ниту пак да го слуша нејзиниот глас. Просто го излудуваше.
Од време на време во главата си ги враќаше спомените од оние денови кога тој постојано беше крај неа и се чуствуваше како да го има целиот свет во рацете.
Тој ден тргна кон колата и појде. Сакаше да го посети и да поразговара за сета глупава ситуација која го следи во последно време. Таа му се закануваше дека ќе си го одземе животот ако ја напушти или пак дека ќе го убие него. Беше тотално луда.
Нејзината лудачка коса се повеќе наликуваше на гривна од лав кој бесно рика во зоолошката градина секоја ноќ. Легнуваше крај неа и по цели ноќи се присеќаваше како го поминува времето со него. Го сонуваше секоја ноќ и го бараше неговиот мирис додека ја прегрнуваше неа. Дури и во миговите кога водеа љубов, неговите мисли беа далеку и си замислуваше како се заедно во тој миг, и како нивните тела се допираат едно со друго. Зарем беше лудо што посакува маж, а одбива жена со која беше подготвен да го помине животот.
Утрото беше влажно. Влезе во дворот на последната куќа од патот. Беше тивко и магловито, а низ превезот на дрворедот се назираше топлината на каминот кој гори во дневната соба.
Влезе, но таму немаше никој. Никој не го пречека и тој беше сосема збунет. Што ли ги нема? Зарем се уште спијат? Собата беше спремена како да го очекуваат.
Во темината ја напипа кваката и со едно чкрап веќе се најде од другата страна на вратата. Таму, во темно црвен сатен, лежеше обвиткано неговото тело. Но не беше сам. Уште една фигура се извиткуваше над него. Не можеше да препознае дали тоа е жена или маж. Го напрегаше погледот се повеќе и се приближување се до самиот кревет. Не го забележуваа. Речиси беше се допрел до креветот, но се уште не можеше да види чија е фигурата која полека се извива над телото на нејзиниот брат.
Ликот молскавично се заврте и тој конечно виде за кого се работи. Се виде себеси самиот, гол и целиот испотен како изведува ритуал врз телото на својот господар.
Се стаписа во моментот и се разбуди. Беше мрак.
Крај него лежеше таа. Блудна и бујна. На црвениот сатенски чаршав кој го купија за денот на вљубените. Ја прегрна и се припи до нејзиното голо тело. Мирисаше на афионот кој го јадеа пред да заспијат. Го чувстуваше вообичаениот мирис на цимет на нејзината коса. Ја сакаше најмногу на целиот свет.
Каков чуден сон. Имаше уште три часа за спиење. Во утрото требаше да му помогне на брат и да се пресели во новата куќа.
0 коментари:
Објави коментар