Потрага по исповед

петок, 13 јуни 2008

Не е лесно да седнам пред овој олтар на исповед. Воошто не е лесно да си ја отворам душата по толку време без ниту една воздишка. Не е едноставно да се објасни, ниту да се каже со зборови. Како да ја распарчувам секоја мисла и секое чувство тука некаде длабоко во мене и барам каде припаѓа. На која страна влече. Дали сум јас тоа две личности во исто време. Една за оние околу мене и една за она во себе.

Долго време не зборував за себе. Мислите несредени. Јас не знам ни каде ми истекуваат чувствата. Луција беше потисната некаде далеку во ходниците на мојата душа. Зошто? Од две причини. Ја канализирав енергијата во практично- финансиско поисплатливи плодови и друго мислам дека не ја чувствував таа зимска луцидност. И некако ја чував патетиката за на сцена, каде се крвари.

И сега ми се спие. Еве заморот завладеа со моето тело. Жално што толку многу треба да спиеме и пропуштаме од убавината на овој беден живот.

За жал јас се уште те сакам и не можам да спијам без тебе крај мојата страна. Музиката не стивнува во моето срце од кое се откорна она мало чукање кое не престанува.

И морам повторно да лажам. Со месеци пишувам постови кои не ги објавувам, само ги чувам во drafts. Ми се гади од ова лажно живеење и лажно постоење.

Еве...

Луција молчеше, седеше потпрена на ладниот ѕид. Не можев да и ги гледам очите. Толку беа црвени, дури помодрени од плачење. Никогаш не сфатив зошто таа толку плаче и толку тагува. Понекогаш плачеше болно, толку болно како да и го корнат срцето, а потоа го мелат во миксер. И тие нејзини звуци... никогаш не можев да останам рамнодушна на тие болни звуци. Ми ги покажа дланките завртени кон мене. Немаше лузни, бидејќи сите нејзини лузни се длабоко под кожата. Си размислувам некогаш дека јас сум причината која ги разединува луѓето околу мене. И што е уште полошо, јас знам дека сум причина за тоа. Понекогаш гледам дека не сум задоволно од својот живот и не можам да сфатам зошто. Не дека ми е перфектен, не дека јас сум прекрасна, но...
Или ова... исто дел од многуте... што не било објавено за воздишките од душите на оние што го пијат... или подобро не... и тогаш само тишина. Што повеќе да се каже и зарем не е доволно?

Дали сега треба да се разлделиме, јас и мојот жртвеник. Дали ќе биде ова последната жртва која ја принесувам?!