Војната со заборавот

понеделник, 14 април 2008

Имав љубов, убава како пролетен ден во овој убав град. Ја обожавав, ја одгледував, ја стискав, но едноставно ја гушев.

И потоа љубовта ме шлапна. Толку ја загушував што ме шлапна силно со шлаканица која се уште ми го црвенее образот, увото и целата душа. Толку силно ме повреди и ми ја распара душата што после толку време се чувствувам дека таа истекла.

Некогаш се сеќавам на она што поминало, она што требало да биде и како јас да не сум дел од сето тоа. Одлучив едноставно да не се сеќавам, да заборавам и да продолжам така. Непроценливо богатство историја некаде истекува од мене. Одбирам само да се сеќавам на ужасните моменти кои ќе ме тераат да ја убивам мојата љубов.

Сега остануваат караници, искршени предмети, зборови кои никогаш нема да избледат и ете тоа е се што останува од една љубов.

Тоа поглавје исто така ќе заврши. Еден ден нема ни да се сеќавам, како што одлучувам за се друго да заборавам. Не те сакам повеќе. Не те сакам. Не сакам да те сакам, не сакам што те сакав, не сакам да сакам. Не тебе.