Соба со мирис на цимет

понеделник, 8 декември 2008

Темна... најтемна соба. Некаков чуден мирис на цимет во воздухот. Ти издивнуваш тука до мене. Ме гледаш дрско, длабоко во очи и ме повлекуваш со рацете кон себе. Ме држиш цврсто што одвај го вдишувам воздухот и тешко го испуштам надвор од телото. Полека градите ми се поткреваат во ритамот на тишината и чукањето на моето срце. Ме зграбуваш уште посилно и почнуваш да се гоштеваш со мојот врат. Потоа градите ги гризеш силно... додека не почнав да испуштам болни звуци. Посакувам грубо да ме имаш, секаде... во сите пози и на сите начини.

Замислувам како ме гризеш до крв додека продираш во мене. Тогаш те слушам како ми велиш: „Сакаш да бидам нежен?“. Оф... само кога би можела да ти одговорам. Немо ги барам твоите прсти и ти дозволувам да ги ставиш во мојата уста. Прво еден, па два за на крај три прсти да бидат во мојата челуста. Ти ги прегризувам така силно што ја повлекуваш раката инстиктивно и ме погледнуваш презирно. „Што е со тебе? Сакаш да ме повредиш? Не молчи... сакам да те слушам како велиш дека сакаш да ти го правам ова.“ Со задоволни очи те гледам без да изустам збор. „Сакаш да бидам груб со тебе, затоа си вака лоша и заводлива.“ Повторно тишина. Со раката го бараш мојот почеток, а јас сосема гола стојам пред, а во мислите со сите фантазии кои ги имам за тебе. Твоите раце, твоето тело, твоите гради... и твоите очи.

Ги ставаш прстите длабоко во мене. Ме полудуваш. Додека пробиваш во мојата внатрешност, со другата рака ми ја држиш главата и ме бакнуваш како да можеш да ми ја земеш душата преку устата. Го допирам капките пот кои потекуваат по твоето тело. Поминувам со прстите по сите твои делови. Твојот миризба ме возбудува и ме тера да се претворам во ненаситно суштество кое сака да биде бакнувано, гризено... имано.

Ме повлекувааш и во следниот миг сум над тебе. Полека почнувам да се движам, на почетокот само те чувствувам на мојот отвор, а потоа мирко почнуваш да навлегуваш во мене. Се исправам над тебе, во темнината не можеш да ми ги гледаш очите, но затоа со дланките поминуваш по моето тело и на моите гради. Ми ги зграбуваш колковите и почнуваш силно да ме припиваш за себе. Треперам и се грчам се повеќе додека ги слушам звуците кои ги создаваш. Во силни бранови ме земаш за себе и потоа ме отпушташ. Го ставаш прстот во мојата уста, а јас почнувам да си играм со него и да го вртам јазикот околу него. Потоа истиот прст го спушташ по моето тело. Ги раздвојуваш двете половини и го притискаш прстот до отворот. Ме полудува начинот на кој си играш со мене, пред да ме натераш да се грчам и стенкам. Го ставаш прстот внатре и ме сепнуваш, а јас кратко се навалувам кон тебе и ти ја барам устата. Полека почнуваш да ме бакнуваш и во исто време се движиш во мене. Ја спуштам раката кон твојот прст и полека те наведувам да го ставиш и вториот твој прст во мене. Чувствувам како полека болката ми го опушта телото и не сум повеќе во грч. Се посилно се движам и те гледам додека длабоко ме исполнуваш. Звуци кои се одвојуваат од мене... и твоето издишување.

Го ставам моето прсте во твојата уста и тогаш прв пат изговорувам во бунило „Гризни ме! Силно.“ Ми го прегризуваш прстето и ме слушаш како крикнувам. Исправена над тебе, ме воведуваш во некој ритам кој ми го одзема здивот. Со другата рака ти поминувам по градите, стомачето и ногата. Гледаш дека ме доведуваш до крај и почнуваш да ме смируваш. Ме спушташ од себе и оставаш да лежам на креветот. Ме гледаш додека се извиткувам и продолжувам да се допирам. Ги спуштам рацете доле и ги вовлекувам прстите на местата каде до пред малку беше ти. Гледаш како се задоволувам и не ме допираш. Ме оставаш да си играм и го ловиш секој звук од моето грло... до послениот грч кога знаеш дека сум го допрела врвот и почнувам да цивкам во транс.

Ме повлекуваш и превртуваш. Вообичаено ме поткренуваш и ми дозволуваш да ги ставам рацете на ѕидот, а ти грубо ме земаш одзади. Крикнувам кога сфаќам дека не продолжуваш на вообичаеното место, но колку повеќе ме притискаш кон себе, толку повеќе сакам да продолжиш. Ми го правиш тоа грубо... со рака ми ја повлекуваш косата по грбот и ме оставаш да ги затворам очите. Чувствувам како твојата топлина се излива во мене.

Се повлекуваш, а јас го спуштам телото на креветот. Собата е темна како и на почетокот, но сега миризбата на цимет е измешана со мирисот на твоето тело.

Изгорена на сонцето

петок, 19 септември 2008

Лежам на тревата. Гледам втренчено во есенското сонце кое полека навестува крај на денот. Ги затворам очите и само една музика ми трешти во глава. Трешти силно и ме покрева. Трешти музика која ја сакам и лик кој го обожавам.

Полека легнува до мене на тревата. Ја става својата голема рака околу мојата глава. Се завртува и почнува полека да шепоти во моето уво. „Малечка, зарем не ти е ладно?!“ Јас молчам. Нема студ. Го чувствувам неговиот здив. Влажен, топол и со леплива арома на тутун. Полека ја отвора усната и издивнува. Срцето почнува забрзано да ми чука... како секогаш кога е тој во моја близина. Дише полека, мирно со рамномерен такт. Ја чувствувам неговата мека брада на мојот образ. Ги држам очите затворени, како во страв дека ако ги отворам тој ќе престане со она што го прави. „Ти донесов јаболно. Сакаш?! Зелено.“

Јас молчам. Со врвот на јазикот ми го допира увото, како што тоа умее само тој да го прави. Десното уво, полека го гризнува. Ме полудува. Јас размислувам само како ме фаќа одзади и ме зема полека и со еден потег. Го замислував тоа, сето ова време кое го поминуваме заедно. Како ги фаќа моите потколеници и само со дел од силата која ја има ме поткрева додека продира во мене. Ужасно долго го чекав овој момент. Го замислував, го втрев и превртував, го конструирав, се задоволував на овој момент.

Почнува да шепоти на моето уво. Тој е само до мене. Сиот силен и голем, поминува со дланката по мојот врат и потоа ја става раката на мојот стомак. „Знаеш дека ќе те пазам.“ Само кимнувам со главата, ниту глас не можам да испуштам. Почнува животински да ми го гризе вратот и да остава влажни траги на него. Се поткрева и доаѓа над мене. Со затворени очи само претпоставувам како ме гледа, каде се спрема да нападне, како сака да ме земе. Ми ги допира усните со прстите кои мирисаат на трева. Потоа ја спушта својата уста на мојата и полека, како првиот пат, почнува да ме бакнува. Ја чувствувам неговата тежина и телото почнува да ми вибрира.

Силно ми го опфаќа вратот со раката, како кога би сакал да ме задави и почнува да ми говори тивко. „Отвори ги очите. Сакам да те гледам додека те имам.“ Ги држам силно затворени. Не се покорувам на неговите наредби. Ми ги наоѓа зглобовите на рацете, ги поставува над мојата глава и ги држи беспрекорно силно. „Не сакаш да ги отвориш очите?“

Налутен. Ме завртува со еден потег. Лежам на стомакот, а тој полека ја вовлекува својата рака доле. Ги бара мојот почеток. Под здолништето, ме поткренува. Го слушам како забревтано очекува да ме земе. Ја зграбувам земјата... како потпора. Ја потрева маичката и со јазикот поминува по мојот 'рбет. Со дланките на моите гради. „Не сакаше да ги отвориш очите, сега нема ни да ме гледаш додека ти го правам ова!“

Пробива во почетокот. Болка која ми го тресе телото. И животински крици. Си ја подгризувам устата за да не вриштам. Ме зема без срам. Ме поседува без да ме има. Повторно и повторно и повторно. Ненаситно ме има. Крик и топлина во мене. Телото ми се грчи во последен крик. Потоа се опушта на тревата.

Ги отворам очите. Сонцето го пецка моето лице. Тој од мојата десна страна. Сеуште шепоти во моето уво. „Сонце каде одлета со мислите. Само лежиш до мене и воздивнуваш. Не ми одговори, сакаш јаболко?“

Потрага по исповед

петок, 13 јуни 2008

Не е лесно да седнам пред овој олтар на исповед. Воошто не е лесно да си ја отворам душата по толку време без ниту една воздишка. Не е едноставно да се објасни, ниту да се каже со зборови. Како да ја распарчувам секоја мисла и секое чувство тука некаде длабоко во мене и барам каде припаѓа. На која страна влече. Дали сум јас тоа две личности во исто време. Една за оние околу мене и една за она во себе.

Долго време не зборував за себе. Мислите несредени. Јас не знам ни каде ми истекуваат чувствата. Луција беше потисната некаде далеку во ходниците на мојата душа. Зошто? Од две причини. Ја канализирав енергијата во практично- финансиско поисплатливи плодови и друго мислам дека не ја чувствував таа зимска луцидност. И некако ја чував патетиката за на сцена, каде се крвари.

И сега ми се спие. Еве заморот завладеа со моето тело. Жално што толку многу треба да спиеме и пропуштаме од убавината на овој беден живот.

За жал јас се уште те сакам и не можам да спијам без тебе крај мојата страна. Музиката не стивнува во моето срце од кое се откорна она мало чукање кое не престанува.

И морам повторно да лажам. Со месеци пишувам постови кои не ги објавувам, само ги чувам во drafts. Ми се гади од ова лажно живеење и лажно постоење.

Еве...

Луција молчеше, седеше потпрена на ладниот ѕид. Не можев да и ги гледам очите. Толку беа црвени, дури помодрени од плачење. Никогаш не сфатив зошто таа толку плаче и толку тагува. Понекогаш плачеше болно, толку болно како да и го корнат срцето, а потоа го мелат во миксер. И тие нејзини звуци... никогаш не можев да останам рамнодушна на тие болни звуци. Ми ги покажа дланките завртени кон мене. Немаше лузни, бидејќи сите нејзини лузни се длабоко под кожата. Си размислувам некогаш дека јас сум причината која ги разединува луѓето околу мене. И што е уште полошо, јас знам дека сум причина за тоа. Понекогаш гледам дека не сум задоволно од својот живот и не можам да сфатам зошто. Не дека ми е перфектен, не дека јас сум прекрасна, но...
Или ова... исто дел од многуте... што не било објавено за воздишките од душите на оние што го пијат... или подобро не... и тогаш само тишина. Што повеќе да се каже и зарем не е доволно?

Дали сега треба да се разлделиме, јас и мојот жртвеник. Дали ќе биде ова последната жртва која ја принесувам?!

Војната со заборавот

понеделник, 14 април 2008

Имав љубов, убава како пролетен ден во овој убав град. Ја обожавав, ја одгледував, ја стискав, но едноставно ја гушев.

И потоа љубовта ме шлапна. Толку ја загушував што ме шлапна силно со шлаканица која се уште ми го црвенее образот, увото и целата душа. Толку силно ме повреди и ми ја распара душата што после толку време се чувствувам дека таа истекла.

Некогаш се сеќавам на она што поминало, она што требало да биде и како јас да не сум дел од сето тоа. Одлучив едноставно да не се сеќавам, да заборавам и да продолжам така. Непроценливо богатство историја некаде истекува од мене. Одбирам само да се сеќавам на ужасните моменти кои ќе ме тераат да ја убивам мојата љубов.

Сега остануваат караници, искршени предмети, зборови кои никогаш нема да избледат и ете тоа е се што останува од една љубов.

Тоа поглавје исто така ќе заврши. Еден ден нема ни да се сеќавам, како што одлучувам за се друго да заборавам. Не те сакам повеќе. Не те сакам. Не сакам да те сакам, не сакам што те сакав, не сакам да сакам. Не тебе.

Лагата

среда, 26 март 2008

Додека седевме во паркот на една од клупите и гледавме во пресушеното езеро Луција ми зборуваше за лагата. Лагата како категорија на успех и како неизбежен дел од животот кој го водиме. Еве ја стои пред вас како и пред мене со испружени раце и се обидува да ви покаже дека нема што да сокрие. Нејзините раце по којзнае кој пат се празни.

Луѓето кои лажат за ситни работи, веднаш се препознаваат, а оние лаги кои се однесуваат на големи работи секогаш се сметаат за искрени и доверливи. Доколку лажете за огромни работи луѓето ќе ви верувааат бидејќи ќе си викаат нема теорија ова да е лага, тоа е толку сериозно. Во теоријата на комуникацијата и политиката ова е еден од основните постулати, а лагата секогаш може да стане вистина со текот на времето.


Луѓето не се задоволни ни кога имаат се. Целата среќа на една чинија да им ја дадеш, велеше мојата женска сродна душа, тие повторно нема да бидат задоволни. И во право е. Среќавав луѓе, болни и здрави, богати и сиромави, среќни и тажни, омилени и осамени, но никогаш не сретнав човек кој ми рече дека е задоволен. Задоволен од животот и од она што го има. Секогаш бараме повеќе. Повеќе од она што го поседуваме, од она што ни го пружаат, од она што сме. Така и јас, црна најцрна Луција Заменек, секогаш трагав по подобро, поголемо, поубаво. Но, како што гледате моите раце се уште се празни. Јас немам ништо или можеби изгубив се. И во тој миг кога знаев дека е тој човекот, дека тоа ме прави среќна, дека сум ја фатила нишката на своите чувства и сум на вистинскиот пат кон мојата душа, јас бев алчна, жедна и гладна за повеќе.

Сакав да давам, но сакав и да ми биде вратено. Да земам. Како и сите други алчни човечки суштества на овој свет. Сега знам дека љубовта не се мери со давање и примање, љубовта едноставно нема мерка. Таа се поттикнува, се остава да цвета во телото. А јас, најцрна, само тоа не го дозволив. Мислев дека начинот на кој тој ме сака не е правилен, не е вистински, дека треба да ме прегрнува, да ме бакнува, да ме држи за рака, да ме води со себе, несвесна дека тој никогаш дури ни кога не е со мене не престанува да ме носи со себе, да ме прегнува и да ме бакнува.

И сега е веќе ноќ. Заменек ги брои лузните на испружените раце кои ги доби во годините кога се бореше со себе и со своите демони и најсилно со своите лаги. Таа зборува за другите мажи во животот, но никогаш со таков жар со кој зборува за него. Нејзините зборови не треперат исто како кога раскажува за неговата коса и неговите шеги.

Тој тоа никогаш не го гледаше. Сега ги затворам очите и се смеам тивко. Една вечер му предложив брак. Клекнав на коленици, на една од празните улици во овој студен град кој спие од времето на катастрофата и го прашав дали би сакал да се земе со мене. Колку само посакував да можеше да ми каже да. Но годините го направија своето. Мојата упорност беше уште посрашна, таа ме влечеше се подалеку. Престанав да давам, престанав да покажувам, само барав, имав потреба да ми кажува дека му значам, а всушност не значев ништо. Но, болката која ја чувствував кога знаев дека го делам неговото тело со друга жена, како да ми го откорнуваат срцето од градите, не беше никогаш толку голема како онаа кога го делев моето тело со други мажи.

И сега ми се случува по цели ноќи да не затворам очи. Во тие демонски часови ги гледам сенките на таванот во мојата правоаголна соба и размислувам што тргна наопаку. Што навистина тргна наопаку? Зошто не можевме да успееме? Ни сега немам одговори, веројатно ќе ги немам никогаш. Или можеби одговорот сум јас. Јас тргнав наопаку, јас не успеав, Луција како и секогаш мора да го признае тоа. Се мразев во тие мигови кога морав да се соочам со мојот неуспех, со моите потреби да имам се, со моите ужасни идеи. Но, тоа е сега зад мене и веројатно никогаш нема да се смени. Бидејќи јас нема да се сменам, а никогаш нема да бидам задоволна и единствено нешто што ќе остане е лагата. Луција Заменек ќе се лаже себеси дека може без Јаков Балбоа, а Балбоа Јаков ќе се лаже дека никогаш не ја познавал Заменек Луција.

Седи таа во паркот на клупата до мене. Ја пее токму онаа песна од Leonard Cohen која толку многу ја сака. Нејзиниот глас е рапав и задоцнува по музиката, како и секогаш, како и во времето кога го познаваше Балбоа, како и во времето кога го сакаше, како и во времето кога го избрка. Нејзините дланки се празни, но лузните се уште свежи.

Изгубената моќ на уметноста

четврток, 20 март 2008

Кога ми раскажуваше Луција за својот живот не можев да не забележам дека тоа го прави со тага. Често вели дека е несреќна и дека посакува да живее некој друг живот.
Никогаш не зборува за тоа што ја прави среќна.

Ја сакам уметноста. Театарот, литературата па и филмот. Помнам кога бев мала, можеби во истиот оној период на големи потреси во мојот живот, почнав да сликам. Се уште се сеќавам на тој мирис од уметничкото атеље во кое маестро Лука ги учеше младите талентирани уметници да се изразат. Талентирани... но дали јас бев меѓу нив? Никогаш нема да дознаам, но знам дека чувството кое го имав воопшто не беше пријатно. Ми се чини дека Лука ме доживуваше како едно разгалено девојчиште кое сака да каже дека слика и дека ме толерираше само поради добрите пријателски врски со мојата мајка. Секогаш се чувствував како отпадник во тие 50 квадратни метри во кој беа наредени 15тина штафелаи, водени бои, суви пастели и насмеани луѓе кои навистина ги биваше за оваа работа.

И сега над мојот кревет висат две слики во златни рамки кои беа дел од изложбата на младите уметници. Едната е пејсаж на кој Лука интервенираше до бескрај, а другата е апстрактна слика на која топчиња со човечки особини паѓаат на Земјата, сонцето е во вид на око и има едно зелено дрво на средина. Сега се сеќавам дека тоа воопшто не беше моја идеја. Кога ги подготвуваме сликите за изложба, мајка ми „суптилно“ сугерираше дека треба да нацртам вакво нешто, дури и со скица.
Оваа слика е дел од мојата приказна со мајка ми. Таа јасно го отсликува мојот однос со оваа жена, која секогаш суптилно ги наметнува своите идеи и ги подметнува во мојот живот, а јас истите ги прифаќам како да се мои.
Маестрото Лука пред неколку години го напушти овој град, а јас мојата „надареност“ за сликање оддамна не ја користам, освен во исклучителни случаи.

Таков беше на пример периодот кога го запознав Балбоа Јаков. Тој на чуден начин ги инспирираше моите раце кои ненаситно цртаа или правеа нешто. Можеби тоа беше љубовта која мојата душа ја поттикна да создава ситници кои мислев дека ќе го радуваат Балбоа. Веќе долго време ни оваа љубов не ме инспирира. Можеби затоа што имам чувство дека моите подароци, моите слики, моите зборови и моето срце не се доволни за тој човек. Иако знам дека сите мали работи кои сум му ги подарила ги чува, знам дека тие стојат во некоја темна фиока, далеку од сечии очи. Знам дека никој не ги погледнал, ниту пак знае дека сум ги направила со овие мои раце. Понекогаш до доцна во ноќта останував будна, размислував што би можела да му направам за да биде среќен, изненаден. Се прашував на кој начин да му покажам дека ја давам душата во дел од тие предмети.

Чудно, но сега веќе не ме поттикнува.
Сега сфаќам дека можеби не сум многу талентирана, но секако имам чувство за естетика. Но сфаќам дека на крајот секогаш се откажувам. Од пијаното, сликањето, факултетот, човекот кој го сакам, животот кој го сметам за безначаен. Едноставно се откажувам.

Луција престанува со раскажувањето. Погледнува низ прозорот во сонцето кое полека се спушта и вели доста е за денеска. Молчи. Ужива во својата колеблива личност. Којзнае за што размислува. Можеби ќе ми раскаже следниот пат. Молчи и ми ги покажува дланките. Празни се. Таа нема што да скрие.

Луција чекори

понеделник, 10 март 2008

Еден од поважните моменти во животот на Луција беше кога таа „зачекори“. Не мислам тука на моментот кога проодев, што според пресметките на мајка ми се случило набргу по моето наполнување на една година, туку на моментот кога прв пат Луција влезе во светот на чекорите. Ќе направам мал скок во времето и ќе зборувам за периодот во кој Луција е безмалку полнолетна.
Тој врнежлив ден, како и многуте врнежливи попладниња во кои таа ќе бара скривалиште во тивката атмосфера на репетиционата сала, секогаш ќе останат еден од најважните периоди во животот на Заменек. Сала во која се испреплетуваат милиони ароми, во која Луција можеше да ги почувствува сите состојби на умот.

Мирисот на старите книги на полиците, стариот мебел, влагата во воздухот, ќумбето, црвениот декор и највпечатливиот дел од театарот- Боре. Никогаш Луција нема да употреби друго име за тој човек, кој во една прилика го нарече својот театарски татко. Тој секогаш бил Боре, па така и во оваа историја за Луција ќе биде само Боре.

Човекот кој ја тераше да плаче, да се смее, да боледува со него, да плука крв на сцената, да се враќа со последниот автобус расплакана и да го преживува секој лик одново секој ден и со секој здив.

Боре во мене ги зачна Кралицата Марија, девојчето кое ништо не сака, Здодевноста од Онаа страна на костените и врвот на нејзиниот живот Мица- Брбливица. Во неа ги оживеа сите чувства кои таму се складираа во годините кои ги живееше од денот кога остана со својата мајка и без една голема празнина која секогаш била, но никогаш не се нарекувала татко.

Тој старец, со три бесни влакна на главата беше нејзиниот театарски татко, водач во мракот, ментор на нејзината душа, чувар на нејзиниот разум и учител на нејзините чувства. И денес кога ќе го погледне и одзвонуваат зборовите кои излегуваат од таа уста полна слова. Руските песни кои и ја будеа љубовта кон Кремљ, театарот на апсурдот кој ја тераше да бара одговор за својата цел на овој свет, старечките очи кои ја научија да слуша, да се избори за своето место и да застане цврсто на нозе. Очи црни кои ја научија да биле Луција.

И сега Заменек пушта солза, кога ќе помисли на сите тие мигови, кога го обожувала и го проколнувала тој човек кој ја пофалил само еднаш во животот. И сега Заменек, ги гледа тие негови насолзени очи и се прашува дали животот е доволно добар со тој старец.
Луција замина од театарот во петтата година од новиот милениум. Ја остави женската гардероба, ја симна капелата и плаштот и никогаш повеќе не се заврте назад. Едноставно не сакаше да го навлече театарското проклетство на својот грб. Така реши тогаш пред многу години, но не помина ден да не се покае за својата одлука.

Ми раскажуваше потоа дека Боре зборувал за нејзината полусестра. Дека таа седела на нејзиното место во репетиционата сала, до десната рака на старецот. Дека го поканила на тестенини, исти онакви какви што Луција правеше. Девојката со усни црвени како јагода која Луција никогаш не ја запозна. И која овде ќе ја нарекува Хелена. Но, ја виде во очите на Боре. Ја чу преку неговите зборови. И покрај сета лудост, Луција и Хелена во тие неколку години живееја во иста димензија, во исто тело на истата сцена. Луција за неа ретко зборуваше. Понекогаш со Балбоа Јаков, но сепак ретко. Еднаш му раскажа за дивата круша, за која слушна од кадравото момче Јан кое ги поврзуваше Луција и Хелена на некој вонвременски начин. Ги поврзуваше во една јака спрега која не можеше да пукне под налетот на времето.

Еве ги моите раце испружени пред вас. Го чувствувам вашиот поглед кон мојата наведната глава. Ме прашувате што зборувам, што пишувам. Не ме разбирате. Не ги разбирате моите долги, сложени реченици, кои се напишани само за моите очи.

Еве Луција Заменек ги испружува своите раце пред вас. Со дланките свртени кон вас, да видите дека се празни. Ништо не можам да скријам. Само не ги барајте моите очи со погледот. Тие се тажни очи на жената Луција. Гледајте ги моите дланки, во нив ќе прочитате се како што тоа го направи Боре во првото дождливо пладне кога прв пат зачекорив во неговиот ароматизиран храм.

Луција во Куба

недела, 24 февруари 2008

Моето име е Луција Заменек. Ова е продолжение на мојата... што и да е ова. Денес имав толку многу идеи за тоа што се треба и што се заслужува да биде тука запишано, и оддеднаш ги заборавив. Еднаш во животот кога прашав еден човек какво име би ми дал, тој ми одговори дека би ме нарекол Марија, и не ми образложи зошто. Едноставно не знаеше зошто би ме нарекол така.
Имињата се толку релативни. Именка која ја носиме во животот и речиси никогаш не се нашите вистински имиња. Всушност денес размислував на оваа тема. Мислам дека луѓето немаат имиња и сосема е погрешно да трагаат по името. Тие имаат ЈАС, а секое ЈАС само по себе се разликува од другото ЈАС.
Луција живее во држава која се наоѓа на еден остров, од самото раѓање. Уште во времето пред да го достигнам пубертетот знаев дека се разликувам од другите деца. Некако тоа ми пречеше. Но изгледа дека не ми пречеше доволно за да го сменам ни во годините кои доаѓаа. Едноставно јас и онака бев поинаква од своите врсници. Не помнам дека некогаш некој пред мене зборувал за разводот на моите родители, но тоа јас сосема добро го гледав во погледите на сите кои ме опкружуваа. И како да читав во нив, нејзините родители се разведени. Но, изгледа дека тоа не беше доволно за едно девојче, па така на самиот премин кон повисоките одделенија, не бев веќе девојчето со разведени родители туку и девојчето чиј татко умре од мозочен удар.
Сега погледнете во моите очи. Не ве мамам... моите раце се празни, немам што да сокријам, но внимавајте искусниот илузионист секогаш ќе ви украде дел од моментот во кој сте сосема уверени дека не може да ве измами. Еве ги испружувам рацете пред вас, за да ги видите моите траги од детството.
Балбоа Јаков, беше човекот што ја отвори Пандорината кутија. Го запознав во годината на преминот во новиот милениум. Не ми дозволувате да ви раскажам. Почнувате да ги превртувате очите. Оддолговлекувам. Тоа е мојата најголема вештина. Секогаш кога стануваше збор за мојот татко јас го правев тоа. Никогаш не негирав, не бев децидна, не раскажував, не објаснував, едноставно само оддолговлекував. И конечно луѓето или сами ќе го сфатеа она што не сакам да го кажам или ќе беа премногу исплашени да прашаат што се случило.
Еве ни вие немате храброст да прашате! Па, секако нема ни што да прашувате и самата ви кажав дека човекот умре. Доволно е!
Моето оддолговлекување функционираше беспрекорно добро се додека не се појави Балбоа Јаков. Единствениот човек кој брцна во мојата рана со гола рака. Без да каже ништо друго. Само едноставно праша за него. И тогаш се случи нешто со мене. Луција Заменек се заљуби, можеби засекогаш.
Важна фигура во мојот живот беше Двојната Подунавац. Карактерот на младиот човек се гради додека е млад. Но, мојот карактер никогаш не беше млад. Јас одсекогаш бев ова што сум. Двојната Подунавац се всушност две личности, кои јас ги сплотувам во една. Зошто? Затоа што датираат од ист период на мојот живот, а како суштински спротивности влијаеја на мојата детска душа (ако душата воопшто може да се нарече детска). Како меѓу два огна во тој период, Луција од една страна беше во цврстата рака на Биологичарката, а од друга страна во мајчинската прегратка на Јазичарката. Сепак, мислам дека и двете имаа подеднаква улога во калење на моето стебло.
Потоа Луција залута на факултетот по Биологија, каде помалку или повеќе не се најде, или пак се самоубедуваше дека тоа не е нејзина желба, и дека дикретно и е наметната од мајка и. Веројатно и тогаш почнав навистина да трагам по себе. Чудно, толку години поминаа, а јас сеуште не сум се пронашла.
Можеби се кријам во некое темно катче, тука зад вас.

Моето име и Јас

Моето име е Луција Заменек. Но јас не се викам така. Всушност не знам како се викам. Тоа се уште не сум го дознала.
Мојот живот започна во моментот кога ме извлекоа од крвавата и лигава мајчина утроба во шест часот попладне на првиот есенски ден во годината за која ќе пишува Орвел. Не сите луѓе ја сакаат есента, но јас ја обожувам, само не го сакам ладниот дождот кој ми ги пецка образите.


Во втората година од животот прв пат малата Луција се соочи со тродимензионалната реалност на свет во која одлучила да пристигне. И денеска се прашувам дали моето тело нема последици од тие години живот под притисокот на нуклеарната катастрофа.
Моето прво сеќавање, за кое не можам со сигурност да тврдам од кога датира, се метални скали потрпени на ѕид во темен ходник и звуци на луѓе кои се караат. Можеби е тоа само некоја креација на мојот мозок како последица на подоцнежните реконструкции на настаните во зборовите на мојата мајка. Најчесто би рекла сега, искривена перцепција.
Мојата мајка беше жена која не зборува многу. Иако добар човек, често се прашував дали тоа што еднаш ќе го каже нема да го измени во следната прилика, а особено ако е лута. Така најчесто во текот на животот дознавав за ситуации со кои не е едноставни да се носи еден млад човек.
Во еден од тие моменти, на новогодишната ноќ, дознав дека мојот татко воопшто не сакал да се родам. И ден денес се запрашувам дали Луција е само една обична грешка, за која некој друг решил дека мора да се случи? И сега го отплаќа долгот.
Како што реков моето име е Луција Заменек, но јас не избрав така да ме нарекуваат. Можеби кога би го знаела моето вистинско име, името на моето ЈАС, би можела да ви се претставам прописно. Во овој момент ви дозволувам да ме нарекувате како ќе посакате. Ниту тоа ќе е нешто ново.
Една од најинтересните особини кои ги имам, е способноста да сонувам. Отсекогаш знаев дека моите соништа се поинакви од оние на другите луѓе. Кога веќе бев доволно возрасна да можам да читам и да се служам со основните принципи на самоанализата, почнав да се интересирам за оваа способност. Луѓето сонуваат црно- бели сни, а за разлика од нив моите се секогаш обоени и секогаш со реална димензија. Често сонувам луѓе кои никогаш не сум ги сретнала во животот и многу лесно постигнувам блискост со нив, што дури понекогаш и ми недостасуваат кога ќе се разбудам. Сепак, во реалниот живот, блискоста која ја стекнувам со луѓето не е толку беспрекорна.
Не сонувам секоја ноќ, но затоа редовно сонувам кога сум осамена. А тоа е навистина често. Имаше период кога не сонував многу или пак кога сонував, соништата беа конкретно врзани за мене или Балбоа Jаков.
Балбоа Јаков. Тоа е сосема друго поглавје за животот на Луција Заменек. Не знам дали е време да се говори за неговиот престој во мојот век. Можеби подоцна. Плаво момче, родено во шест часот изутрина, во средниот ден од неделата, во годината за која пишува Eric Arthur Blair напишана во 1948. Јаков Балбоа е роден на ден на кој не заминал ниту еден познат жител на една од деветте платени во Сончевиот систем. Неговото доаѓање симболизира живот, а за мене симболизира раѓање. Неговото име, Балбоа, е синоним за танц за кој се вели дека е „танц за танцувачите“, а не „танц за публиката“.
Од гледна точка на животот на Луција, јас, ова е токму доволна дефиниција за човекот кој се нарекува Балбоа Јаков.
Заменек Луција потекнува од ладните предели. Таа го сака снегот и мракот. Ја интересираат живите суштества, но повеќе сака да биде единственото живо суштество за кое ќе се интересираат оние околу неа. Понекогаш помислувам дека тоа е навистина себично.
Првото сеќавање за пријателство кое го имам, е летна ноќ, на топол асфалт, во улицата каде липите цветаат најбујно. Јас и мојата другарка седиме на тротоарот и разговараме за уличните светилки, за момчето кое се доселило во зградата, за бабата од првиот спрат на зградата отспротива.
Сите четворица живеевме во истата улица во еден дел од животот, повеќе или помалку свесни за тоа. Улица која нема има... улица каде само броевите на сивите згради се важни. А бројот на зградата го предодредува она кое го добиваш. Денеска во овие сиви згради живее само Луција. Но, и таа сака да замине, во некој поладни, посиви, побезимени предели.
Не е ова крај, шегата продолжува и го бара папокот на светот.
Доцна е. На Луција едноставно и се спие.

Парчиња душа

петок, 15 февруари 2008

Не те познавам долго, ама од тоа што го видов можам да речам дека си во хаос. А очигледно овој период беше време кое ниту една жена не би го посакала.

Сакам само едно да знаеш. Тој човек без разлика дали те сака или не... знам дека многу греши и многу изгуби. Те изгуби мила тебе, а ти си сонце кое треба да се одгледува, да расте и да грее. Затоа, собери ги тоа парчињата од душата распрснати по собата, и гордо носи ги во раце, за да си докажеш себе дека денес си појака.
Ти си девојка која не заслужува маж кој ќе и биде дрога, туку маж кој ќе ти биде потпора и ќе ти ја визуелизира иднината која ќе ја живеете.

Ќе помине сево ова... иако е на почеток... ќе видиш брзо ќе му дојде крајот.
Биди јака, како што знам дека можеш да бидеш!!!
Луција Заменек е тука за тебе, секогаш.

Ти, ЈАС и механиката

вторник, 22 јануари 2008

Ако не престанам да мислам на тоа што го правиш сите овие години, ќе биде тоа погубно за мене. Само посакувам нешто што никогаш не можам да го имам повторно (ако воопшто некогаш сум го имала), а знам дека не може тоа да се случи. Ќе те заборавам!

... и одеднаш немам зборови, немам мисли, нема ништо што би можело тебе да те опише како човек за кој толку време копнеам.
Одеднаш тишина и мрак и се останува да живее само внатре во мене и да копа по мојата душа која е во истребување. Жално е човекот да нема зборови, да нема мисли, бидејќи токму тоа го одвојува од животните.

Механички. После толку време, толку љубов, толку внимание, топлина, среќа, после давање се... го затвораме ова поглавје со еден збор. Твој збор. Механички.
Дали мојата искрена љубов, моите три ипол години се механички? Дали механички те бакнувам и ти ги гледам очите и тонам во нив? Дали механички те гушкам додека заспиваш и додека целото тело ти трепери во грч? Дали механички очекувам да те видам, да те помирисам, да те допрам?
Според ова, и според тебе... се што сме правеле било механички.
Епа ајде да не биде. Да престанеме. Да не правиме. Да не постоиме.

Благодарна...

петок, 11 јануари 2008

Благодарна сум на тоа што сум несреќна.
Благодарна сум на тоа што никој не ме сака.
Благодарна сум на тоа што никој не ми се јавува затоа што сака да ме чуе.
Благодарна сум на тоа што не сум во пар.
Благодарна сум за сите луѓе околу мене на кои не им се допаѓам.
Благодарна сум за сите лоши зборови кои сум ги голтнала.
Дури сум благодарна и за сите неделни вечери кои сум ги поминала сама.
Благодарна сум за секоја солза која сум ја родила.
Благодарна за секој момент од кој ми се гадело.
Благодарна на сите луѓе кои ме искористиле.
Благодарна на сето време кое сум го поминала грешејќи.
Благодарна сум на мојата осаменост.
Благодарна на моите лоши соништа.
Благодарна на тоа што не сум заљубена (освен во себе).

Благодарна, затоа што сите овие работи ме направија појака, посамостојна, подоминантна.
p.s. И, не сите поданици го сакаат кралот, а тој е сепак крал.

Емил, врати се...

вторник, 8 јануари 2008

Како се стемнуваше во улицата, светилките не се палеа. Длабоко загазуваше ноќта во овој град и многу долго траеше. Како на некој од половите на земјината топка. Секогаш ми се чинеше дека овие ноќи траат со месеци. Како да се менував во тие ноќи, умирав и повторно се раѓав од почеток. Новороденче. Бабиците пред порти. Како да е тоа некое проклетство кое те следи и знаеш дека еден ден ќе те зграби.

Чај од нане. Тишина. Времето си одминува, а во соседната соба го слушам часовникот кој виси на ѕидот. Ја брои секоја секунда во оваа мрачна куќа. Гледам како ми се растопува шеќерот во чајот. Немам ни лажиче да го промешам. Го брцнувам пртот во врелиот чај. Затреперувам од болка додека го мешам талогот од шеќер кој се наоѓа на дното од шољата. Го извлеков прстот и го погледнав. Болка... прошепотив.

* * *

Капијата се затвори со силен тресок. Ситни чекорите се доближуваа до влезната врата. Го гледав вцрвенетиот прст кој почна да потекува, но не чувствував болка. Како веќе да не беше дел од моето тело. Во собата влезе ситен маж облечен во црно палто. Ја симна црната крзнена капа од главата. Косата му беше речиси падната, останале уште неколку несредените перчиња кои штрчеа на сите страни. Задишано го истресе палтото од напластените снегулки кои тукушто почнале да паѓаат на улиците. Го погледнав со прашање во очите, а тој уште пред да проговорам ме пресече.

Страшна трагедија, госпоѓо Луција... страшна трагедија...
човекот се уште бревташе. Мојот ладен поглед како да го обесхрабри. Ниту една единствена емоција не можеше да прочита на моето камено лице. Очите ми бараа некоја ужасна приказна, трагедија голема, болка натчовечка. Тој го смири дишењето, се доближи до моето десно уво и тивко ги одвои распуканите усни. Изговори зборовите кои мислев дека никогаш нема да ги чујам. Длабоко ми ја потресоа душата. Со прстите ја наџбарав столицата во ќошот на собата и седнав на неа. Молчевме двајцата. Во моето грло растеше горчлива грутка.

Со шубарата на глава и разлетана коса брзо чекорев покрај патот. Ме одмина една кочија, а во неа млади момчиња кои гласно пееја во ноќта и го прекинуваа светиот молк на градот. Снегулки како иглички ми се забиваа во лицето... го бакнуваа мојот врат. Одев кон гробиштата во периферијата, а во рацете ја стискав восочната свеќа која одвај ја најдов во целата мешаница која ми се случи во главата.

Не го гледав гробот. Беше опколен со луѓе. Ги познавав, повеќето од нив. Кољо- месарот кој ја тепа жената кога ќе се поднапие. Митко- кујунџијата кој ја остави неговата кутра жена Лена да тагува без деца, а таа умре од болка после долги години празна куќа. Тој сега се прежени со онаа млада девојка која работеше во училиштето. Гробарот Бранко ме погледна со вчудовидување и го спушти погледот кон свежиот гроб. Гроб затрупан пред три години, а сепак свеж. Во темнината погледнав во пресната дупка. Кој го направи ова?

Немаше одговор, а и попусто очекував дека некој ќе се осмели да одговори. Гробот на мојот најмил беше откопан, а во дупката немаше ништо. Празен. Немаше коски... немаше коса... немаше никакви остатоци од тело. Како воопшто никој да не бил закопан таму. Немаше никаков траг од мојот човек.

Снегот паѓаше и понатаму, но сега снегулките беа поголеми. Свештеникот ми се приближи и ме фати за лактот. Луција, ова се случувало и порано, во времето на мојот дедо, кога тој бил свештеник. Да исчезне покојникот и по некое време да го најдат гробот откопан, а внатре никаква трага. Тој замолкна. Верувале дека мртвиот не може да се помири со поминувањето во другиот свет и се бунтува. Шета по земјата на живите, бара некој кој ќе го слушне.

Тишина. Мојот поглед беше прикован за дрвениот крст. Емил Заменек. Буквите, крстот, годината на раѓање и умирање, цвеќето кое растеше до гробот (во сред зима), како сето тоа вчера да сме го подготвувале за погреб. Можеби ти можеш да ми помогнеш ова да го сфатиме и да го надминеме заедно. Дали ти се случуваат чудни работи? Нешто невообичаено? Повторно проговоре белиот свештеник.

Молчев. Чудни работи, си повторував во себе, секојдневно ми се случуваат. Но, мојот Емил не би одел по земјава без да ми го каже тоа. Никогаш не би направил такво нешто. Молчев и понатаму со погледот прикован за крстот. Се завртев и тивко зачекорив кон градот. Снегот потпукнуваше под моите нозе. Безобразник, си помислив, го прекрши нашиот договор.

Ја отворив капијата од куќата и влегов. Бесшумно.

* * *

Вака ја најдоа. Во кујната. Паднала од столот и останала да лежи покрај масата. А на масата нашле истурена шоња чај. Едниот прст и бил изгорен, како да го брцнала во врелиот чај. И велат дека потоа само заспала и паднала на подот.


* * *

Јас и Емил седиме во дворот. Лето е. Пиеме леден чај од нане. Мириси, бои, пеперутки насекаде. Овој град само некако поинаков. Најубав досега во последните три години. Го погледнав прстот. Лузната почна да исчезнува. Тој полека плете сламена шапка за сонце, за мене. Еве мила, вели, добредојде повторно дома. Ми недостигаше.

мразам vs. сакам

понеделник, 7 јануари 2008

1. Мразам празници, ме прават да се чувствувам осамено.

2. Ги мразев овие празници, пак бев осамена.

3. Можеби ќе ме нема. Наскоро.

4. Посакувам да бидам со човекот што го сакам.

5. Тој не ме сака. Му простувам. Го сакам.

6. Сакам да пијам чај во Москва.

7. Сакам да не ги помнам лошите моменти во животот.

8. Сакам да се возам во воз. Многу.

9. Го мразам месецот февруари.

10. Си го сакам мојот живот. Таков каков што е. Каков што беше.