Благодарна...

петок, 11 јануари 2008 г.

Благодарна сум на тоа што сум несреќна.
Благодарна сум на тоа што никој не ме сака.
Благодарна сум на тоа што никој не ми се јавува затоа што сака да ме чуе.
Благодарна сум на тоа што не сум во пар.
Благодарна сум за сите луѓе околу мене на кои не им се допаѓам.
Благодарна сум за сите лоши зборови кои сум ги голтнала.
Дури сум благодарна и за сите неделни вечери кои сум ги поминала сама.
Благодарна сум за секоја солза која сум ја родила.
Благодарна за секој момент од кој ми се гадело.
Благодарна на сите луѓе кои ме искористиле.
Благодарна на сето време кое сум го поминала грешејќи.
Благодарна сум на мојата осаменост.
Благодарна на моите лоши соништа.
Благодарна на тоа што не сум заљубена (освен во себе).

Благодарна, затоа што сите овие работи ме направија појака, посамостојна, подоминантна.
p.s. И, не сите поданици го сакаат кралот, а тој е сепак крал.

3 коментари:

neko_e рече...

Ај сеа уште едно „фала“ за коментарот и после уште едно „фала“ пошто после се’ ова ќе знаеш како ебеш некој без да изгубиш невиност
LAPANJE

Луција Заменек рече...

Може уште не сум отрезнета од ноќеска... ама ич не го сфатив коментаров... Лапање, лапање... и начукување... тоа е лекот!!!

neko_e рече...

Сонце тоа неразбрано :)
Во постот ти е одговорот :)
А LAPANJE ти е тоа на msn... едни две што се лапаат... что те буни?!?!?!