Часови кои не поминуваат

вторник, 23 октомври 2007


"You Oughta Know" Alanis Morissette

I want you to know, that I'm happy for you
I wish nothing but the best for you both
An older (younger:) version of me
Is she perverted like me
Would she go down on you in a theatre
Does she speak eloquently
And would she have your baby
I'm sure she'd make a really excellent mother

Cause the love that you gave that we made wasn't able
To make it enough for you to be open wide, no
And every time you speak her name
Does she know how you told me you'd hold me
Until you died, till you died
But you're still alive

And I'm here to remind you
Of the mess you left when you went away
It's not fair to deny me
Of the cross I bear that you gave to me
You, you, you oughta know

You seem very well, things look peaceful
I'm not quite as well, I thought you should know
Did you forget about me Mr. Duplicity
I hate to bug you in the middle of dinner
It was a slap in the face how quickly I was replaced
Are you thinking of me when you fuck her


Cause the joke that you laid on the bed that was me
And I'm not gonna fade
As soon as you close your eyes and you know it
And every time I scratch my nails down someone else's back
I hope you feel it...well can you feel it

And I'm here to remind you
Of the mess you left when you went away
It's not fair to deny me



Јас и мојата проклета твроглавост и упорност и суета. Уште помалку од 3 часа, до неговиот роденден, но јас само си седам пред проклетиов комјутер и се убедувам себеси дека не заслужува ни една проклета порака да му напишам, за тој ебан роденден. А знам колку ми е тешко, како да си откинувам душата, но егото е посилно. Ама и зборовиве од песнава која се врти цело време ми викаат дека нема потреба од такво нешто.

Како и да е нека му е среќен роденденот и нека дочека уште многу такви, но посреќни и поубави и секако без мене.... и сите лоши работи кои сум му ги направила во животот.

Топено чоколадо со бадеми

недела, 21 октомври 2007

Таа седеше на клупата во паркот. Снегот непрестајно паѓаше и веќе ги покри сите делови на градот. Студот не ја спречуваше да ги пролева своите солзи. Плачеше долго во ноќта и чекаше. Како и секогаш го чекаше да дојде во истото време, на истото место, во недела. Но оваа ноќ се беше поинаку. Беше само тој парк, таа клупа, снегот и нејзините врели солзи. Неговите чекори не наближуваа, неговиот мирис не се прошируваше низ просторот, немаше глас во ноќта кој ќе ја насмее со некоја неговата нова шега. Дури не беше тука ни да и даде некој несмасен коментар за нејзиниот изглед, шминка, чевлите, а таа страшно да се налути поради неговите замерки.

Во паркот немаше ништо, освен една светилка неколку метри подолу и едно куче кое си бараше добро место за преноќување. Таа и нејзините врели солзи кои капеа во снегот. Ги извади ракавичките за да го избрише лицето, но тогаш нешто чудно се случи. Рацете и беа цели во рани. Како некој да ги сечел со остар нож, но некако зараснати рани, како поодминати засирени траги крв. Стоеше така неколку мига, а потоа го избриша лицето, ги стави сините волнени ракавички на рацете и тргна во ноќта. Тој не дојде на состанокот.

Во полумрачната соба танцуваа тие двајца. Нејзината омилена песна.... си ја потпевнуваше тивко и се радуваше на потпукнувањето на грамофонската плоча..... night breezes seems to whisper I love you..... just hold me tight and tell me you miss me.... you dream, just dream a little dream of me.... Тој се насмевна, твоето вообичаено пеење, со заостанување во зборовите и секогаш со таа специфична боја на гласот, тоа си ти, рече и ја припи кон себе. Таа само потпевнуваше и се топлеше во неговата прегратка. Надвор се насетуваше мирисот на снег, но се мачеше ова тмурно време, облаци снежни, но не заснежуваа. Сеуште беше рано, самиот почеток на месецот ноември. Нивниот месец. Месец кога таа подготвуваше чоколадни колачиња и го радуваше секоја вечер со некој убав подарок. Токму знаеше кој број кошула треба да купи, знаеше кои зборови да ги напише во картичката за нивната годишнина, знаеше која е бојата на подарокот кој тој треба да го има, а го посакува веќе долго време. Таа вечер не му купи ништо, но му подготви топено чоколадо со неговите омилени печени бадеми и пикантен додаток на печурки кои ги јадеа постојано во овој период од годината. Оние од кои добиваа убави соништа во друга димензија.

Се доближи до масата и почна да го јаде десертот, а таа танцуваше на средината на собата. Како и секогаш, знаеш дека е прекрасно, и рече и се доближи да ја бакне, но таа го одбегна бакнежот. Ми се лоши од премногу чоколадо, ќе пробам подоцна, а мислам дека и нешто не е во ред со мене, ми се повраќа од секаква миризба, му одговори.

Си го допре стомакот и не можеше да изговори ништо повеќе. Во главата само и одзвонуваа неговите зборови кои ги слушна оној ден пред осум месеци, а како да беа вчера Секој ден две исти реченици и ја јадеа душата. Ти сакаш да ми го уништиш животот. Тоа дете не е направено од љубов, јас не го сакам тоа дете.... Таа сега ќе ја подготвуваше детската соба, а не топено чоколадо со бадеми. Ова беше сосема доволно, таа не смееше да биде судија на нечив туѓ живот. Мала и неважна, која беше таа да решава за таа судбина и малиот невин човек. Секој допир на нејзиниот стомак ја бодеше во срцето. Осум месеци се прашуваше како ќе изгледаше тоа мало суштество кое знае ќе го сакаше најмногу на светот.

Тој се заклати зад неа. Се приближи, но се тетеравеше. Ја прегрна одзади. Солзи се слеаа по нејзиното лице. Не ти е добро сончогледу мој, го праша. Да, не знам што ми е, оддеднаш ми е некако чудна собава, а и како да ми е ладно, одговори тој со поглед кој скита во далечината низ прозорецот. Епа можеби треба да легнеш, можеби е од печурките, му помогна до креветот и појде во кујната да донесе вода. Кога се врати тој веќе ги беше затворил очите и нешто зборуваше како во сон. Му се приближи и само го гледаше.

Кога тој ги отвори очите ја виде како стои над него со неговиот нож, оној кој му го подарија другарите за еден од родендените. Што правиш, ја праша. Ти го земам најмилото што го имаш, како што ти мене ме натера да го дадам најмилото што го имав, изусти суво. Тој сакаше да се поткрене, но немаше сила, имаше премногу печурки во чоколадото овој пат. И ги грабна рацете, почна да се спротивставува, при тоа ја испосече по дланките, но таа на крајот го надвладеа. И онака си полумртов, не се опирај, знаеш дека секогаш го спроведувам она што го сакам, и го погледна длабоко во очи, крај е најмил мој, твојата курва ќе ти помогне да се покаеш, и во само еден потег му го пресече гркланот. Се слушна кркорење, потече неговата врела злобна крв, немаше грч, само неговите стаклени зелени очи останаа да ја гледаат.

Додека ги вадеше ракавичките од рацете се прашуваше каде е досега, зошто не доаѓа. Снегот се повеќе се напластуваше во паркот, стануваше ладно. Ги виде лузните. Се сети. Сликите се редеа една по друга. Тој нема да дојде во паркот. Нема да дојде бидејќи тој веќе е тука, во паркот. Точно под клупата на која таа седи. Точно под клупата на која за прв пат и кажа дека ја сака. Точно на клупата каде таа му кажа дека го убила нивното дете, а тој беше задоволен затоа што го доби тоа што го сака. Точно под клупата каде таа го закопа неговото бедно тело.

Ги избриша солзите. Стана од клупата и го затресе капутот од снегот. Зачекори по снежната патека. Тргна во својот свет во ноќта, живот во кој секој ден пие апчиња, за шизофреничари, како што слушна во некој разговор. А потоа доаѓа на клупата, го чека секоја вечер, за по некое време да се сети што сторила. И така секоја ноќ во сонот заборава на се, за следниот ден на таа клупа да ја доживее вистината одново. Како бесконечна лента ставена на repeat... нејзината казна за злосторствата што ги стори.

Среќа vs. Shit

вторник, 16 октомври 2007

Денеска сакам да зборувам за среќата и што е таа во мојот живот. Таа почнува во мигот кога те добив тебе, завршува во мигот кога сфатив дека правам се за да те изгубам.

Среќата е твојата насмевка која ја гледав на твоето широко лице со остри црти. Среќата е во моментот кога те држам рака, гледам прекрасен германски филм и тивко плачам за да не ме чуе французинката која седи до мене во киното. Среќата е во мигот кога ми го подаваш ланчето направено од мали парчиња морски корали.

Мирисот на твојата коса е среќа. Внимателноста со која ја подготвуваш закуската за мојот роденден. Шеќерот во прав по твоето лице додека ја јадеш крофната и постојано дофрлуваш дека не е доволно полна со крем. Среќа е мигот кога ме покриваш со синото ќебе додека целото тело ми се тресе во транс, ме притискаш кон себе и едноставно не ме пушташ. Среќа е детскиот сјајот во твоите очи кога од чантата го вадам твоето омилено чоколадо. Го јадеш со сласт, како мало дете кое ја добило најпосакуваната играчка на светот. Среќа е кога ја читаш картичката која сум ти ја подарила за роденден пред две години.

Среќата е кога твоите зелени очи заспиваат во умор, а јас ти ги бакнувам капаците. Па дури и утринскиот ритуал на станување од кревет и облекување за две секунди е среќа. Кога ми ја подаваш чашата полна со јогурт. Среќа се есенските денови во кои те гледам меѓу костените, а ти раскажуваш морбидни приказни за човекот кој останал без око. Твојата широка душа е мојата среќа.

Единствената моја несреќа е моето бедно и безвредно постоење. Мојата несреќа е животот во кој треба да се сеќавам на сите овие мигови. И да знам дека оваа личност, која сум решила да бидам во овој живот, не заслужува да биде сакана. Среќата ќе биде потполна ако јас знам како да и се радувам. А јас ја напуштам, затоа што не знам како да ја прифатам. Затоа што сум shit. Жалам и вечно ќе остане така, мој најмил.

Една....

недела, 7 октомври 2007

Што барам од тебе? Што сакам од тебе? Зошто ти, еднаш, повторно и засекогаш. Додека не ме излуди ова што го живеам. Додека не ме донесе до крајот на животот и крајот на смртта. Таму нема да има чувства и нема да има болка, ниту љубов, а најмалку страв. Ова во што се будам веќе толку години е полошо од пекол и секој ден да се плашиш дека си згрешил и за секој збор што ќе го кажеш, само тишина.

Некои други луѓе, некоја друга жена, нечии туѓи деца. Само не јас, и не моето дете и не мојата љубов. Само тишина што убива, зборови кои по безброј пати ми копаат по душата и ми го уништуваат телото. До кога вака? Додека не се разбудам еден ден и наместо солзи тече крв, наместо болка има празнина, а наместо љубов има казна.

Како да сум грешела и вреди да бидам казнета. Сум пружила рака да ти помогнам, да ти го покажам патот и она кон што си тргнал, а не сакаш да биде твојата судбина. Епа не е во ред кога ќе ми ја одгризеш раката. Ќе почне да тече црвена крв, леплива, врела, ќе ти ги затвори очите. Јас ќе ги стиснам усните во грч од болката која ми ја предизвикуваш и ќе речам... Тоа е љубов мора да се живее, тоа е мојата задача. Но, тоа не е љубов најмил мој, тоа е казна која не се одлежува, со која не можеш да се справиш, а не можеш ни да избегаш. И така тонеш, со денови, со месеци, години и секое утро како да ти е последно се прашуваш.... и нема ништо, само молк, не знаеш каде одиш и што сакаш, само утра полни со болка која те убива и само солзи.

Секоја ноќ легнуваш, се смееш, забораваш каков ти е животот и какво ти е секое утро, мрачно како зимски ден без сонце. Како се да исчезнува. Само јас уште постојам и се мразам поради тоа. Поради моето постоење и поради мојата најголема љубов. Не може никој да ти пресуди, само ќе остане да се мачиш од проклетата рана која никогаш не зараснува. Па дури ни во другиот свет. За жал.

Linea alba

вторник, 2 октомври 2007

Во рацете држеше нож и ја љупеше обвивката на крушата. Стигна до семките и почна да ги длаби како да вади човечки очи од своето лежиште во черепот. Не можеше да спие. Се мачеше долго во ноќта и никако не можеше да сфати што и се случува. Веќе извесен период немаше никакви соништа, а тоа ја плашеше. Нејзините соништа беа допир со она што ќе биде и она што било. Соништата и беа показател каде се наоѓа во моментот и каде треба да оди.

Нешто силно тресна и се скрши зад неа. Се заврте и на подот ја виде вазната која и беше подарок од мајка и за 23- тиот роденден, распрсната на милион ситни сини парчиња од порцелан. Го погледна со прекор и го врати погледот на крушите. Тој се дотетерави до неа и ја прегрна одзади, а таа се намршти бидејќи го почувствува неговиот здив со пригушена нота на премногу алкохол. Коњак, со помисли и продолжи да ја длаби крушата. Ја скрши вазната, која знаеш колку ми значи, му рече суво и не го тргна погледот од овошјето. Тој ништо не одговори само почна да ја бакнува по вратот и да ја гризе, обидувајќи се да ја соблече и да ја земе тука на работната маса во кујната. Отпрво таа се опираше, но потоа се препушти на неговиот силен стисок и мускулестите раце на кои никогаш не можеше да им рече не.

Само ја измачуваше со неговата игра, во која не и даваше да ужива целосно. Не ја гледаше во очи додека силно копаше по нејзината внатрешност, таа само го слушаше неговото дишење и понекогаш звуците кои ги испушташе. Ја измачуваше со тоа што не ги бараше нејзините усни и и ги покриваше очите, додека го чувствуваше како ја убива одвнатре, повторно после толку години во кои не можеше да го одбие.

Таа ја соголуваше лушпата на крушата и се чувствуваше како тој да ја соголел нејзината кожа и сега стои потполно гола, изложена на целиот свет. Тој се закопча и продолжи да се тетерави по собата. Кујната се уште мирисаше на див, насилен и бесчувствителен секс.

Му ја отпаруваше утробата по должина на Linea alba и ги вадеше сите внатрешните органи и наместо нив ги ставаше парчињата од вазната во неговата празнина. Ладните и бесчувствителни луѓе заслужуваат да имаат ладна утроба, си повторуваше додека го препарираше љубениот. Го уби таа вечер, по последниот анимален секс кој и го даде. Додека од неговата утроба се уште испаруваше коњакот, таа не чувствуваше никакво гадење и со презир ги гледаше неговите стаклести темни очи. Доволно долго и го уништуваше животот. Затоа сега не може да сонува. Долго во ноќта и недостига неговата миризба на скиснато грозје кое чека да биде обрано. Не може да сонува, затоа што нема потреба. Сонуваше само кога тој и го загорчуваше животот, и во сонот наоѓаше друга среќа, сето она што не можеше да го има во реалниот живот. Во соништата го имаше и него.... постојано весел и насмеан, како нежно води љубов со неа и ја гали по косата. Во нејзините соништа тој беше подобар човек, но таа знаеше дека е тоа само нејзината имагинација и чудото наречено сон. Уживаше во секој сон, дури и кога соништата беа мрачни. Но тоа не смееше да продолжи.

Таа вечер откако ја наполни неговата празнина со синило, го испи целото шишенце од онаа скапоцена течност која ти го одзема адивот. Ја чуваше повеќе месеци, но немаше храброст да ја испие. Откако се јави кај неговите родители и им кажа што сторила, ја затвори слушалката, и ја проголта сината течност како да пие вода.

Повеќе не сонуваше, од онаа вечер кога му ја наполни утробата со синиот порцелан. Остана во оваа празна куќа, секојдневно правејќи го истото. Љупеше круши и не сонуваше. Не ни спиеше. Оние заробени души кои остануваат на земјата никогаш не спијат, имаат незавршена работа. Таа остана да го лупи овошјето и да размислува за љубениот. Цела вечност.