Една....

недела, 7 октомври 2007 г.

Што барам од тебе? Што сакам од тебе? Зошто ти, еднаш, повторно и засекогаш. Додека не ме излуди ова што го живеам. Додека не ме донесе до крајот на животот и крајот на смртта. Таму нема да има чувства и нема да има болка, ниту љубов, а најмалку страв. Ова во што се будам веќе толку години е полошо од пекол и секој ден да се плашиш дека си згрешил и за секој збор што ќе го кажеш, само тишина.

Некои други луѓе, некоја друга жена, нечии туѓи деца. Само не јас, и не моето дете и не мојата љубов. Само тишина што убива, зборови кои по безброј пати ми копаат по душата и ми го уништуваат телото. До кога вака? Додека не се разбудам еден ден и наместо солзи тече крв, наместо болка има празнина, а наместо љубов има казна.

Како да сум грешела и вреди да бидам казнета. Сум пружила рака да ти помогнам, да ти го покажам патот и она кон што си тргнал, а не сакаш да биде твојата судбина. Епа не е во ред кога ќе ми ја одгризеш раката. Ќе почне да тече црвена крв, леплива, врела, ќе ти ги затвори очите. Јас ќе ги стиснам усните во грч од болката која ми ја предизвикуваш и ќе речам... Тоа е љубов мора да се живее, тоа е мојата задача. Но, тоа не е љубов најмил мој, тоа е казна која не се одлежува, со која не можеш да се справиш, а не можеш ни да избегаш. И така тонеш, со денови, со месеци, години и секое утро како да ти е последно се прашуваш.... и нема ништо, само молк, не знаеш каде одиш и што сакаш, само утра полни со болка која те убива и само солзи.

Секоја ноќ легнуваш, се смееш, забораваш каков ти е животот и какво ти е секое утро, мрачно како зимски ден без сонце. Како се да исчезнува. Само јас уште постојам и се мразам поради тоа. Поради моето постоење и поради мојата најголема љубов. Не може никој да ти пресуди, само ќе остане да се мачиш од проклетата рана која никогаш не зараснува. Па дури ни во другиот свет. За жал.

0 коментари: