Тогаш кога човекот заборава ќе се најде некој кој ќе го потсети на неговата мака. И потоа не ти доаѓа сонот. А кога доаѓа сонот те измачува уште посилно. И потоа на сред ноќ тишина. Молк, ноќ и првиот снег.
Колку сакам костени. Ме потсетуваат на деството. Дедо, доработи ги!- му викав на дедо ми кога ги љупеше, но ми ги оставаше со втората обвивка на нив. Ме потсетуваат на еден зимски ден во кој печевме костени пред твојата куќа. Ме потсетува на специфичниот мирис на ќумбето кое го палиш. Ме потсетува на темната соба, на едната и единствена фотеља во неа на која седиме јас и ти покрај огнот.
Тогаш се појави ти во мојот живот. Тотално го запоседна секое ќоше во мојата душа. Ме потсетува на тага. Но, поради тоа знам дека сум човек од крв и месо. Дека тагувам бидејќи сум сакала и уште сакам.
А надвор паѓа снег. Моето омилено годишно време. Моето омилено време од ноќта. Мојот омилен мирис. Само мојот омилен човек го нема повеќе. Тој си замина. Засекогаш.
Наслов. И точка по него.
недела, 16 декември 2007 г.
Објавено од Луција Заменек во 00:25
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментари:
Повеќе сакам сонце и топло време. Снегот не го сакам, барем не ваков каков што е во градов. Студот го сакам, само кога знам дека надвор е студено а мене ми е топло. :) Сепак, понекогаш се радувам на снегулките, како и на сонцето, исто како кога бев дете. Верувам секој човек колку и да е стар го чува детето во себе внатре. Сите бараме љубов. Тоа е она што не боли. Понекогаш се обидувам да го отстранам тоа чувство, кога премногу боли. Така, понекогаш се збунувам за тоа што е она што го чувствувам? И, тогаш знам дека сум згрешил што било кога сум се посомневал во себе. Добро е да љубиме, па дури и кога љубовта не ни е возвратена. Тоа не прави она што cме. Сепак, љубовта треба да остане љубов, а не да се претвори во робство. Хеј, биди добро. Ми отиде мислата таму некаде... :D
Објави коментар