Мисли...

недела, 24 јануари 2010

Ми се гади од моето сопствено тело. Сакам да ја изгребам кожата и полека да ја свлечам до глуждовите. Сакам да изгорам од внатре, сите органи еден по еден да се пеплосаат.


Ми се превртува утробата од тие твои погледи и твои
очи кои со гадење ме гледаат додека се ебеме. Ми доаѓа да ти ја одгризам главната артерија на вратот и да искрвариш за неполна минута до смрт. Крв да шика на сите страни, да ти падне ерекцијата, да ти се сомели умот и да заборавиш се што си знаел.

Дали тоа го посакувам за тебе или за себе? Дали ми се вознемирува стомакот од помислата дека сум неверна додека исто вака се однесувам и со него додека ме гледа во мракот? Тој не ме гледа со рамнодушни и празни очи како твоите, ме гледа поинаку, како навистина да ме посакува и ме поседува додека седам врз него. Додека по телото ми се слеваат капки пот, додека воздивнувам од возбуда и се превртувам во неговите прегратки... дали и тогаш сум истата жена која оваа вечер спие покрај тебе?

Ми се гади од твоите постапки. Кога не одговараш на телефонскиот повик, кога не одговараш на поставеното прашање, кога се завртуваш со грбот во нашиот кревет. Ми се гади кога знам дека си со друга жена која ти значи повеќе. Извини, која ти значи нешто, со оглед на тоа дека јас не ти значам ништо. Ми се гади кога знам дека не ме сакаш.

0 коментари: